Дали со лошото работење со економијата се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Тевдовски и СДСМ денеска јавно ја признаа неспособноста на оваа влада да креира Буџет, а со тоа и признаа дека се неспособни да ја работат својата работа.  Катастрофалното триото Заев – Анѓушев – Тевдовски се фалеа дека проектирале високо ниво на капитални инвестиции, а не се способни да реализираат ниту 1/4 од предвиденото, што досега претставува историско најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции.

Не треба да чуди тоа што ММФ и Светска банка излегоа со драстично намалено проекции за стапката на економски раст за оваа година во споредба што владата очекуваше претходно. Тевдовски конечно проектира пониска стапка на раст од 2.8% до крајот на годината, спротивно на она што пред неколку дена го тврдеше неговиот шеф Заев, дека наводно ќе ги оствареле фамозните 3.2% кога ММФ ја намали стапката на раст за оваа година на ниски 1.6%.

Бизарно е и шизофрено префрлањето на вината  од страна на Тевдовски на денешната прес кофнеренција во владата за потфрлањето на економскиот раст врз опозицијата од страна на владата која е неспособна да ја води економијата.

Лошите резултати во економијата се директна последица на лошите економски политики на СДСМ. Недозволиво е реализацијата на капитални инвестиции за осум месеци да биде 23.3%, недозволиво е да имаме пад во градежништвото од околу 30 %, недозволиво е државата да се задолжува енормно, а граѓаните да немаат реален бенефит од тоа.

 

Владата треба да одговори дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот?

Заев и Тевдовски не само што се покажаа неспособни да состават реален буџет, туку се гледа дека се неспособни да направат и ребаланс на не реално планираниот буџет за 2018 година. Владата требаше да му предложи на Собранието ребаланс на почетокот од јули, кога се виде дека реализацијата на капитални инвестиции е катастрофална.

Она што владата на Зоран Заев го утврдила на синоќешната вонредна седница е премалку и за жал е предоцна! Значајна сума на средства прибрани од граѓаните и од претпријатијата преку даноци и други давачки, кои беа наменети за поддршка на економски раст преку капитални инвестиции, остануваат неискористени, без никаков ефект во економијата.

Почитувани,

Влада што не е способна да реализира проекти, подобро е да им ги остави парите на располагање на фирмите и на граѓаните одошто да им ги одзема а потоа да не знае што да прави со нив.

Овој ребаланс е класично лицемерие од страна на владата, бидејќи го предлага, а и самата не знае дали истиот  ќе стигне на собраниска седница. Со ова дополнително ја зголемува неизвесноста кај економските субјекти, која веќе е и доволно висока поради вештачката криза во која што СДСМ ја втурнаа државата, со неоткажувањето од правно – политички мртвиот договор за промена на името.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...