Безбедносна состојба е нарушена, полицијата реагира неколку дена по кривичните настани

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Безбедносната состојба е драматично нарушена, не поминува ден без посериозен инцидент во кој жртви често се и недолжни граѓани. Власта која не може да воспостави контрола и да ја гарантира безбедноста на  граѓаните се обидува преку медиумски мрак да ги сокрие случаите од пошироката јавност.

Медиумите информираат дека пред недела дена во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта како последица на банална расправија се избодени со нож две лица. Дополнително информираат дека едното лице со тешки телесени повреди на дишните патишта се бори за живот. Оваа информација со јавноста е споделена по 5 дена од случајот и тоа не од извори од МВР, туку од информации преку социјалните мрежи, бидејќи и МВР и ЈО молчат.

Имено настанот кој се случил на 7 октомври, во билтен на МВР е објавен на 10 октомври. Цели 3 дена подоцна.

Нападнатите кои се здобиле со тешки телесни повреди по настанот се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Едно од лицата кое што се борело за живот и има тешки телесни повреди, кои се животно загрозувачки. МВР под контрола на Спасовски реагирала цели 3 дена по случајот, при што до ЈО поднело кривична пријава за насилство, а не за обид за убиство.

Оливер Спасовски мора да одговори. Кој и зошто го криел настанот цели  3 дена? Кое е лицето напаѓач и дали неговата блискост со СДСМ е причината за односот на полицијата кон овој случај?

Неодговорниот однос на Спасовски и неговата неспособност се главна причина за нарушената безбедност во  Република Македонија. Ниту еден 9 – те случаи на убиство кои се случија во негов мандат не е расветлен. Исто како што не се расветлени ниту палењето на коли, ниту грабежите, тепачките и другите деликти кои што станаа наше секојдневие на жалост.

Нереагирањето на МВР  и непрофесионалниот однос кон случаите ќе бидат предмет  на истрага со враќањето на правната држава во Република Македонија. Одговорност и правда ќе има.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...