Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

СДСМ и Зоран Заев мора да го прифатат фактот дека Договорот од Преспа е правно – политички мртов.

Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа НЕ.

1 милион и 200 илјади граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев  и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека НЕ се за промена на уставното име на Република Македонија.

Зоран Заев нема легитимитет да го  менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија.

Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните.

Владата на СДСМ и Заев е синоним за корупција и криминал, сомнителни зделки, местење тендери и делење милионски суми, од кои единствен бенефит имаат блиските партиски војници додека граѓаните едвај преживуваат, и затоа се плаши од избор на обвинителска институција.

Овој хаос и криминал мора да престане, колку порано толку подобро за граѓаните и државата.

За Македонија да тргне напред мора веднаш да си заминат политичарите од транзицијата кои ја узурпираат власта во Република Македонија.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре