Златко Марин е одговорен за урбаното дивеење во Аеродром

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски

Почитувани,

Златко Марин е одговорен за урбаното дивеење во Аеродром. Марин е покровител на уништувањето на Аеродром.

Повеќе од јасно е дека Марин се плаши од граѓаните и наместо да им се придружи на протестите, ако искрено го мисли тоа што постојано го изјавува, намески свика седница на советот за да ги залаже и да го одложи проблемот.

Голготата за аеродромците продолжува. Главни виновници за тоа се Златко Марин и Петре Шилегов, со чие одобрение комуналиите за девет катницата кај ,,Мајчин дом” ќе се плаќаат на рати. Со што од зграда која нема да дозволат да се гради, стана зграда која со нивен потпис ќе се гради.

Пред локалните избори во 2017 година, еден од главните проекти кои ги ветуваше Златко Марин беше ревизија на деталните урбанистички планови и мораториум за нови градби во Аеродром.

Иако Марин се обидува да презентира на јавноста дека мораториумот не е законски, а ревизијата помпезно најавувана, трае повеќе од една година, на аеродромци сеуште им се свежи ветувањата на Златко Марин и проектите во неговата изборна програма.

На вчерашната седница на советот се изнаслушавме се и сешто, само не и решение на проблемот кој го направи градоначалникот со издавање на одобрението за градење.

Марин и СДСМ, со вчерашната седница на советот на општина Аеродром имаа очаен и неуспешен обид за амнестија на катастрофалните грешки со кои го уништуваат Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ до Советот на општина Аеродром достави конкретни предлози за надминување на настанатата ситуација и тоа: предлог одлука за запирање на спроведување на спорните детални урбанистички планови и итна ревизија на истите во рок од 30 дена, и наместо суштинска дискусија и изнаоѓање на конретно решение, Марин се занимаваше со ВМРО-ДПМНЕ, свесно бегајќи од проблемот.

13 октомври, 2018 – 15:26

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...