Очајни се прес конференциите кои што ги прави Костадин Костадинов и власта

Одговор на прес конференцијата на Костадин Костадинов на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Очајни се овие прес конференциите кои што ги прави Костадин Костадинов и на дел од власта во кои признаваат дека се тргува со правото и правдата во замена за прифаќање на капитулацијата. Единствена амнестија која што е на маса, покрај амнестиите за Заев, од Зоран Заев до  Боро Малборо, се амнестиите кои што СДСМ преку насилната промена на Устав ги пакува за себе заради капитулацијата и секојдневните низи на криминални делувања. Газењето врз демократијата,  газењето врз Референдумот и насилството врз пратениците од опозицијата нема да помине. Власта е на колена и ова се очајни чекори кои ги прави за да се избега од словото на законот. Националните и државните интереси, демократијата не смее да бидат  жртви и заложник на бандитизмот, на криминалот на хунтата на власт.

Ни еден премиер, ниту политичар не е над народот и над неговата волја изразена на референдумот кој што помина на 30 септември.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...