Зоран Заев и неговата криминална банда во владата немаат мандат да менуваат Устав

 Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Соочени со волјата на народот, соочени со катастрофалниот одѕив на гласачите, соочени со фактор дека манипулацијата со референдумот не им помина пред гласачите, покрај изборниот поткуп криминалната банда на власт се внесе во најдрско полнење на кутии и газење на најдемократскиот израз – референдумот.

Зоран Заев и неговата криминална банда во владата немаат мандат да менуваат Устав.

Капитулацијата од Преспа е отфрлена од народот.

Оттука сите народни избраници, Собранието како распишувач на Референдумот,  владата како извршна власт и сите други институции не смеат да ја газат волјата на над 1.200.000 гласачи кои на овој договор му ставија точка.

Зоран Заев и криминалната банда ја газат демократијата со секој нивен иден чекор.

Оваа влада повеќе нема легитимитет за никакво делување.

Третиот столб на демократијата, правосудниот систем мора сериозно да почне да ги расчистува криминогените дејства вклучително и силувањето на волјата на граѓаните преку туркање на уставни измени кои произлегуваат од Договор кој не доби директна поддршка од гласачите.

Ваква недемократска власт само ја оддалечува Република Македонија од било какви интеграции, особено од ЕУ и НАТО.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...