СДСМ и Сашо Поцков во Гевгелија изгубија над 1.700 гласа што е слика и прилика како завршуваат неодржливите политики градени на лаги

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Андон Сарамандов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија

Почитувани ,

Граѓаните на општина Гевгелија на 30-ти септември испратија јасна и недвосмислена порака до власта на Социјадемократскиот сојуз, дека го одбиваат и не го одобруваат Договорот од Преспа кој е крајно штетен по македонските национални интереси.

Општинскиот Kомитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија ви се заблагодарува за покажаната демократска свест и ја поздравува зрелоста и одлуката на граѓаните во поглед на историското значење на овој референдум за нашата иднина и иднината на нашите деца.

Вашата храброст  и одлучниот став  го испратија во историјата т.н. Преспански договор и покрај сите закани и уцени од страна на функционери на СДСМ od Гевгелија што кулминираа на денот на референдумот.

Тоа се истите оние функционери, директори и раководители на локални и државни установи кои што бараа од  Вас да  излезете на референдумот и  да се самоизбришете, бидејќи во спротивно ќе ви биде загрозено Вашето работно место.

Истите тие директори и раководители од власта успееја да го поделат македонскиот народ како никогаш досега и на 30 септември беше зададен најголемиот удар на демократијата  со нивните притисоци врз обичниот граѓанин.

Но благодарејќи на вашата самосвесност, истите тие луѓе што ве потценуваа и ви се закануваа, денеска  се срамат од вас.

На локално ниво, со сите закани, уцени и телефонски јавувања од страна на функционерите на СДСМ, само 35% од граѓаните на Општина Гевгелија  гласаа ЗА реализација на Преспанскиот договор.

СДСМ и Сашо Поцков во Гевгелија изгубија над 1.700 гласа од локалните избори кога освоија околу 8.300 гласови, а на референдумот ЗА Преспанскиот договор гласаа околу 6.600 гласачи.

Ова што се случува со гласовите на СДСМ во Гевгелија е слика и прилика и добар пример  да се  види како завршуваат неодржливите политики градени на лаги.

Очигледно функционерите на СДСМ Гевгелија и Сашо Поцков се преценија во својот дилетантски начин на практикување на власта. Нашата општина се наоѓа во целосна стагнација откако Сашо Поцков и СДСМ го презедоа водењето на локалната самоуправа.

Ветените проекти се само слово на хартија, предизборна измама и манипулација.

Ни трага ни глас од странските инвестиции, ниту еден нов проект, ниту трошка надеж за секој млад човек за посветла и просперитетна иднина.

Напротив, секојдневно сме сведоци на низа скандали, корупција, непотизам, сомнителни зделки, газење на човековото достоинство до бескрај.

Затоа ОК ВМРО ДПМНЕ Гевгелија нема да им дозволи играта со татковината да ја искористат како изговор за неисполнетите ветувања, непотизмот и криминалот.

Сево ова ќе не инспирира да работиме со зголемена енергија и ентузијазам за да си ја зачуваме Македонија, за нашите деца и идни поколенија.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...