Само вистина за патот на македонското земјоделство кон ЕУ

Колумна на Драги Димитриевски за порталот Република

Се потпиша т.н. „Преспански договор“ во Нивице. Според извршенитеанкети го прочитале околу 3% од граѓаните на РМ. Го прочитав и јас неколку пати (како на англиски, така и со превод на македонски јазик).Сакајќи рационално, аналитички и прагматички да расудам за него и да ја донесам одлуката за прифаќање или не на овој договор, сепак ќе кажам дека истиот не е во согласност со моите разбирања за Република Македонија, како единствена во светот национална држава на македонскиот народ (без притоа да го негирам решението од амандманот IV на Уставот на РМ). Секако, за суштината на целокупниот договор, оставам правната наука и струка да ги каже фактите и аргументите.
Токму фактите и аргументите треба да бидат изнесени и во периодот кој следи се до денот на референдумот, но и потоа, се со цел да се пренесе вистината и реалноста во која дејствуваме и во која функционираат поедини сектори во општеството, апосебно во делот на економијата. Мора да се изнесе што е факт, а што претпоставка, и тоа засновано на податоци и стручно-научна елаборација.
Во последниве неколку недели, се појавија неколку написи, повици, изјави и т.н.(очекувам дека истите ќе се повторуваат и интензивираатво претстојниот период),за земјоделството и земјоделците, со кои се влегува во кампањата на владата и СДСМ за успех на референдумот од 30-ти септември. Тоа е легитимно право на припадниците и советниците на владата, парламентот и на членовите на СДСМ, со цел да се побара поддршка на овој, како што на почетокот изјавив за мене лош договор.
Со најдобра намера да ги разберам сите овие напори со кои се сака да се анимираат и активираат поедини групи граѓани, овде пред се мислам на земјоделците, а со цел да излезат и да го поддржат договорот, сепак морам јавно да го изразам моето несогласување со овие поединци, кои лично ценам дека, вршат злоупотреба на Европската Унија и на нејзините политики, односно во овој случај на заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ (на англиски:Common Agricultural Policy – CAP).
Се работи за неколку написи и изјави со кои низ сосема погрешни тези се манипулираат земјоделците и им се испраќаат погрешни сигнали. Тоа што беше испратено како порака, не ја изразува вистината за патот по кои ќе се прилагодува македонскиот земјоделско-прехранбен сектор и неговата позиција при пристапувањето во ЕУ.
Ветувањата за „… 1 милијардаевракоиќедојдатвовашитеплантажи, фарми, посеви…“, се далеку од реалноста. Пресметката на буџетот што една држава го добива од заедничкиот буџет на ЕУ се базира на пресметка од вкупните земјишни капацитети, но и од позицијата и состојбата во која се наоѓа земјоделството,како и начинот и успехот во процесот на преговарање, кои патем речено за овие поглавја (11, 12 и 13) е најтежок и најкомплексен.
Во прилог на наведеното ќе приложам неколку факти: Словенија во буџетот 2014-2020, во делот на директните плаќања и е определен буџет од околу 135 милиони евра, додека во делот на програмата за рурален развој за истиот период има на располагање околу 120 милиони евра годишно. Или, од двата фонда словенските земјоделци годишно на располагање имаат по околу 255 милиони евра. Само за потсетување дека Словенија пред влезот во ЕУ од националниот буџет одделуваше и повеќе пари за земјоделството. Сето, ова како директна компарација на држава со слични земјишни капацитети со Република Македонија. Но,доколку ја земеме Хрватска како пример, која има повеќе од дваипол пати поголеми земјишни капацитети од Македонија и е понова членка на ЕУ, јасно ќе се види дека, во написите и изјавите на почитуваните претставници на власта, средствата ќе бидат далеку под една милијарда евра. Имено, Хрватска за шест години во програмата за директни плаќања има на располагање 1.065 милиони евра и за програмите за рурален развој 2.325 милиони евра, или доколку се упросечи вкупно за двата фонда по околу 565 милиони евра годишно (приближно истата сума која пред пристапувањето ја исплаќаше од сопствениот буџет). Доколку се потесетиме на претходно наведеното дека, Хрватска има повеќе од дваипол пати поголеми земјишни капацитети од Македонија, ќе се вратиме во реалноста дека за Македонија буџетот за поддршка на земјоделството од буџетот на ЕУ, доколку РМ сега би пристапила во ЕУ, ќе изнесува не повеќе од 200 милиони евра годишно. Но ЗЗП на ЕУ е во постојани промени при што значително се намалува учеството на буџетските поддршки за земјоделството, па одтука може да се очекува дека при влезот на Република Македонија во ЕУ оваа сума може да биде и помала. Ова се факти.
Она што е суштина на ова мое обраќање е,да се држиме до струката, науката и реалноста. Тоа што јас лично како учесник во меѓународен експертски тим, го вградивме како принцип во „Стратегија за прилагодување на мекедонскиот земјоделско-прехранбен сектор кон CAP на EU“ уште во 2004 година, документ прифатен и од тогашната влада, беше принципот на јавност, транспарентност, вистинитост и реална информираност на земјоделците за сериозните и не ретко тешките процеси во прилагодувањата и трансформациите на политиките и легислативата. Целта на овој принцип е дека за тешкотиите и неизвесностите во целиот процес на прилагодувањекако иза позицијата на секторот на крајот при влезот во ЕУ,земјоделците да не ја обвинуваатЗЗПнаЕУ, тукудајаприфататкаконивни иден начин на работа и примена на строги принципи и стандарди, кои ќе им донесат задоволство во нивната работа на земјоделското стопанство.
Ова е значајно затоа што земјоделците треба да знаат дека со зачленувањето во ЕУ ќе имаат придобивки, ќе имаат пазар од 500 милиони потрошувачи (иако и сега Македонија има договор за слободна трговија), но мора да знаат и дека на тој пазар мора да се исполнат строгите стандардиза добра замјоделска пракса, да се применат современи пост-бербени технологии и стандарди во доработката и преработката на земјоделските производи. Мора да се знае дека земјоделците ќе се соочат со сосема различни мерки и инструменти на политиките на поддршка, а за пристап до нив ќе мора да се исполнат строги услови. Да применат еколошки стандарди, да го почитуваатпринципот на вкрстена сообразност (исполнување на предуслови за пристап до поддршката), да бидат даночни обврзници. Исто така вистината е дека и некои од земјоделците(производители од поедини подсектори), целосно ќе бидат исклучени од шемите на подршка.Тоа е суштината и вистината што не очекува!
Затоа, почитувани поддржувачи на Договорот: Оставете ги земјоделците со своите маки! Не ги вовлекувајте во политички игри! Тие не заслужуваат манипулации! За нив треба да се ангажира целокупниот научно-стручен капацитет на Република Македонија, па и добронамерниците од надвор, бидејќи, земјоделците се тие, што ќе се соочат со големите предизвици кои ќе бидат поставени пред нив! Да им кажеме дека ќе се помине пат со многу тешки реформи!
И една Словенија која пред пристапот во ЕУ вложи огромнибуџетски средства за поддршка на земјоделството и вложи огромни напори за негово прилагодување кон ЗЗП на ЕУ, не успеа да спречи, со денот на нејзино пристапување во ЕУ дневно да и пропаѓаат во просек по 8 (осум), семејни земјоделски стопанства.
И за крај: Јас сум подржувач за членство на Република Македонија во ЕУ. Учесник сум во многу проекти за прилагодување на македонската аграрна политика кон ЗЗП на ЕУ, при што сум ги искажал придобивките од членството, но и начинот и патот, како да се искористи периодот на преговори, како најдобро да се прилагодиме за идното членство, а без за тоа да се обвини Заедничката земјоделска политика на ЕУ за поедини сектори, каде нема да бидеме успешни во прилагодувањето.
Инаку периодот за преговори и членство на Република Македонија во ЕУ треба да се проектира на 10-тина години од денот кога преговорите официјално ќе започнат. Дали во овој период ќе завршат преговорите за поглавјата 11, 12 и 13, незнам, но знам дека и да не завршат, доколку има политички договор и овие поглавја ќе бидат затворени (повеќе или помалку успешно).
Да не ги манипулираме земјоделците! Тие се една од најранливите категории население! Со вистина и знаење да им помогнеме!

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.