Договорот е мртов и не може да си ги толкувате законите како вам ви одговара

Најстрашно е да носиш противуставни одлуки и одлуки кои се против волјата на граѓаните на Република Македонија. Договорот од Преспа е мртов, не може ние да си ги толкуваме резултатите од референдумот како на нас што ни одговара. Има закон и Устав во оваа змеја кои што ние мора да го почитуваме, вели Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за уставните измени.

Ласовска додаде дека на референдумот на 8-ми септември од 1991 година за името Република Македонија се изјасниле 76 проценти или 1 милион 132 илјади граѓани од вкупниот број на граѓани со право на глас, додавајќи дека од овој референдум и покрај тоа што на сила се обидувале да го протуркаат излегле само 36проценти или 605 илјади граѓани.

Таа  реплицираше дека проблемот не во избирачкиот список како што велат од СДСМ, додавајќи дека СДСМ два пати ги одложувале изборите со образложение дека претходно избирачкиот список не е прочистен и дека во него има 500 илјади фантоми.

-Избирачкиот список вие го чистевте, ние ве чекавме. Два пати ги одложувавте изборите, сите знаеме зошто. Изборите ги одложувавте затоа што велевте дека има 500 илјади фантоми. Зошто сега повторно тој избирачки список за вас е проблематичен, праша Ласовска.

На крај таа во својата реплика додаде дека резултатите од референдумот од 8 септември 1991 година се на сила и дека никој нема право да оди против волјата на граѓаните на Република Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...