Здравството е во колапс, а буџетот се префрла на сметките на семејните компании на директорите на Филипче

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ не ни може да се очекува нешто друго освен дефокусирање од криминалот со нанесување национален срам.

Нацијата ги памети криминалната приватизација и девастирањето на здравството преку Белата мафија. Сега оваа генерација Македонци го сведочат истото.

Здравството е во колапс, а буџетот се префрла на сметките на семејните компании на директорите на Филипче.

И тоа е само еден сегмент од “реформите” на Заев и неговата булумента кои доведоа до највисока корупција за која пишува светската јавност, а за која владата “транспарентно” нема одговор.

Владата нема став за крвавите милионски тендери на сметка на здравјето на граѓаните, нема став за триаголникот министер-директорка на клиника- веледрогерија, ниту за 400.000 евра дадени во четири очи.

Единствениот став кој го има СДСМ е убеденоста за сопствената незаменливост заради продажба на националните интереси.

Но, одговорност за новите „Бонбона бизниси” мора да има и ќе има!

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...