Заев повторно ги излажа граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Македонија не може да се врати на евроатланскиот пат, и да се надева на членство во ЕУ и НАТО, со правосудство кое работи според директиви на Зоран Заев и СДСМ. Македонија не може да стане дел од ЕУ и НАТО со коруптивни тендери и грантови, тешки неверојатни 45 милиони евра, кои служат за исплата на партиските послушници, медиуми, владини и партиски функционери на СДСМ. Суд и обвинителство кои наместо да се борат со криминалот, амнестираат функционери на СДСМ за сторен криминал не се во согласност со европските вредности.

Заев повторно ги излажа граѓаните. Ветуваше референдум  кој ќе биде задолжителен, а сега предложи и изгласа консултативен референдум. Заев и СДСМ се обидуваат да ги манипулираат граѓаните со нејасно и двосмислено прашање кое е спротивно на членот 15 од Законот за референдум. На тој начин само креираат дополнителна конфузија меѓу граѓаните. Доколку договорот со Грција беше добар и поволен за Македонија и не го бришеше нашето име, историја, традиција и култура, Заев со целокупната медиумска и невладина поддршка што ја има, ќе прифатеше да оди само едно прашање, кое ќе беше јасно и недвосмислено, а ќе се однесуваше само на договорот од Нивици.

Заев и СДСМ не се залагаат за европска иднина на Македонија. Доколку тие се залагаа за европска Македонија ќе водеа борба против корупцијата, немаше да ја заробат државата и да ја укинат парламентарната демократија. Власта не може да сокрие својата неспособност со потпишување на капитулантски договори и затоа мора час поскоро да си замине. Само така Македонија ќе победи!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...