Заев и Николовски го потценуваат трудот на производителите на слива

Соопштение до јавноста реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски

Салонските политичари од  СДСМ  го уништуваат македонското земјоделие. Заев и Николовски го потценуваат трудот на производителите на слива. Цена од  5 денари за индустриска слива и 8 денари свежа слива не е рентабилна цена.

Единствено рентабилна цена за килограм  слива, која ги покрива производствените трошоци и обезбедува  минимална егзистенција е цена од 12 денари по килограм, се под тоа е потценување на трудот на земјоделците.

Половина од родот на слива во радовишко е веќе опаднат, а како што тврдат земјоделците штетите се над 1.6 милиони евра. Кој ќе ја надомести оваа штета?

Производителите на слива во Пијанец и Малешевско немаат продадено ниту килограм од својот род , над 10.000 тони слива се неоткупени. Откуп скоро и да нема, а тој што им се нуди од поединечни откупувачи е минимални 2 денари, што е потценување на нивниот труд.

Можеби Николовски и Заев  имаат розеви наочари и не ја гледаат реалноста, но земјоделците не  носат розеви наочари и за нив да се работи земјоделие во време на СДСМ се граничи со работа за време на  временска непогода.

Земјоделието со СДСМ  е на  колена. Земјоделците се на раб на егзистенција. СДСМ мора да си замине. Оваа влада донесе само хаос за земјоделието.

                                                                                                            Со почит,
                                                                        Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...