Заев да престане да ги краде парите на граѓаните и да ги распродава националните интереси

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Господине Заев, престанете да ги крадете парите на граѓаните и да ги распродавате националните интереси.

Само така ќе покажете дека сте загрижени за иднината на Македонија и македонскиот народ.

Врхушката на власт се обидува преку бледи партиски соопштенија да ја покрие трагедијата што се случува во Република Македонија.

Ниту едно соопштение не може да ја сокрие неспособноста на владата на Заев и СДСМ.

Доколку имаше трошка вистина во тоа што го говори Заев, немаше да се обиде да ги манипулира граѓаните со непрецизно и двосмислено прашање кое што е спротивно на Законот за референдум и Уставот на Република Македонија.

Доколку Заев беше убеден дека постигна добар договор со Грција, тогаш само договорот ќе беше ставен во референдумското прашање и народот ќе го кажеше своето мислење за него.

СДСМ со капитулантскиот договор ја зароби државата. За најважното прашање од кое зависи македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, не беше консултирана опозицијата. СДСМ ја погреба демократијата во Македонија.

Народот ќе го победи ова зло олицетворено во Зоран Заев и врхушката на СДСМ. Македонија ќе победи.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести