За криминалните скандали на владата на СДСМ ќе има одговорност кога правосудството ќе се ослободат од канџите на Заев

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Лажни вести се ветувањата за европска иднина додека се краде “на ангро”; додека ГРЕКО констатира видна корупција и криминал.

Повторно Пи-арот на власта застана во одбрана на корупцијата во своите редови, заштитувајќи ги “незаменливите”, на сметка на здравјето на граѓаните.

Наместо да го преиспита своето однесување, за што и ОЈО отвора случаи, власта со продажбата на националните и државни интереси и капитулантски договори се обидува да го затскрие осиромашувањето на граѓаните и државата дури и на сметка на здравјето на граѓаните.

За вакви криминални коруптивни скандали мора да има одговорност. И ќе има тогаш кога Република Македонија и правосудството ќе се ослободат од канџите на аболицирани и помилувани криминалци.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...