Точно СДСМ не ја задолжи државата за нови 32 милиони евра туку за 36 милиони евра, односно за 4 милиони повеќе од планираното

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Точно СДСМ не ја задолжи државата за нови 32 милиони евра туку за 36 милиони евра, односно за 4  милиони повеќе од планираното. Неспособноста и расипништвото на владата на СДСМ ги носи граѓаните на работ на должничко робство, а долгот кој вртоглаво расте ќе треба да го плаќаат и идните генерaции.

За само 3 месеци јавниот долг порасна за 54 милиони евра, додека пак државниот долг се зголеми за нови 29 милиони евра. Поточно јавниот долг изминативе 3 месеци секојдневно се зголемува за 580.645 илјади евра, додека дневно државниот долг расте за 311.827 илјади евра.

Ова што СДСМ му го приредува на македонскиот народ е економски геноцид.  Каде се парите од задолжувањата? За која цел тие се користат кога знаеме дека реализацијата на капиталните  инвестиции за првите шест месеци од годинава изнесува катастрофални 16.65 проценти?

На сите веќе им е јасно каде одат парите. Парите од задолжувањето се користат делење грантови и тендери на високи партиски и државни функционери на СДСМ, на лица блиско до Заев, блиски до партијата. Дојде животот за ,,најзаслужните’’ во СДСМ, а на останатите СДСМ им ја нуди суровата реалност на неостварените ветувања. Додека граѓаните мака мачат  со своите приходи да го преживеат месецот, фунцкионерите на СДСМ ги бројат милионите на своите сметки кои ги заработија на грбот на обичниот граѓанин.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...