Спасовски четири дена крие што бара службениот полициски џип на плажа во кампот Евридики

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ безобразно ги злоупотребува државните ресурси за задоволување на хедонистичките страсти на сопствените функционери.

Со вакво однесување осиромашуваат граѓаните, а државата е се подалеку од Европската Унија!

Во ниедна директива на ЕУ не е пропишано дека службени возила треба да се користат за превоз на деца на функционери по морските плажи.

Кога може функционер на МВР-Турс да си ја носи ќерката и нејзините другарки на одмор со службено возило што може граѓаните да очекуваат следно?

Дали директорот на ЈСП да си ги носи роднините со градски автобус или Стојанче Ангелов да си земе авион за летување?

Почитувани,

Оливер Спасовски четири дена крие што бара службениот полициски џип на плажа во кампот Евридики. Спасовски и СДСМ мислат дека граѓаните се наивни и не знаат каква службена должност може да се извршува во автокампот во кој висок полициски функционер, според информациите во медиумите, имал свој камп приколка.

Согласно уредбите на МВР, полициски службеник кој патува во странство, мора да го најави своето патување и да ги образложи причините за истото. Доколку патува службено, за истото мора да има наредба и патен налог.

Недозволиво е Оливер Спасовски четири дена да крие кои се причините поради кои што потпишал налог и наредба и да не соопштува на јавноста, каква е задачата што службеникот ја извршувал во кампот Евридики.

Недозволиво е да нема образложение кои биле девојките и во каква роднинска врска се со високиот функционер во полицијата? Дали е точно дека една од девојките била ќерка на Директорот на Бирото за јавна безбедност, а останатите биле нејзини другарки?

Недозволиво е да ја манипулираат и потценуваат јавноста дека кесите од продавницата Лидл со кои што е преполн полицискиот џип се државна тајна.

Ова што се случува во МВР-Турс е срамно! Донацијата од ЕУ наменета за поефикасна борба против илегалната миграција да се злоупотребува за превоз на семејствата по грчките плажи е невиден башибозук.

Почитувани,

За претворањето на МВР во МВР-Турс мора да има одговорност! Вакво расипништво е недозволиво. Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка за покривање и злоупотреби, а Владата уште на следната седница  да го разреши тур-операторот кој во моментов врши должност директор на БЈБ Лазе Велковски.

Европската иднина на Македонија не смее да заврши на грчкото приморје!

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...