Со укинувањето на приватноста на сметките СДСМ уште еднаш бескурпулозно го крши Уставот на Република Македонија

Соопштение до јавноста

Укинувањето на приватноста на банкарски сметки власта на Заев дополнително ќе ги оданочува извозниците на интелектуален труд и ја загрозува приватноста на граѓаните.

Укинувањето на приватноста на сметките ќе ги направи граѓаните потенцијална мета на уцени, закани и други криминогени дејанија на структури блиски до власта. Со ваквото законски решение СДСМ уште еднаш бескурпулозно го крши Уставот на Република Македонија поточно членот 25 со кој „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“

Воедно една од клучните цели на оваа одлука на владата е да се оданочат оние кои продаваат интелектуален труд по светот односно ИТ интернет услуги, преводи и други трудови. Со ова дополнително ќе се оданочи структурата на граѓани која прави извоз со минимално користење на домашните кавни услуги за кои плаќа.

Овие законски измени се единствено резултат на стравот и паранојата на Зоран Заев и СДСМ од сопствените граѓани. Страв кој е резултат на противењето на граѓаните на штетните антидржавни политики кои ги спроведува СДСМ.

Зоран Заев досега покажа дека единствено го интересира зачувувањето на својата фотелја бидејќи знае дека во моментот кога ќе падне од власт и ќе ја изгуби контролата врз правосудството ќе мора да одговара за своите и криминалите на своите сопартијци. Денот кога во државата ќе се врати правдата и правната држава Македонија ќе победи.

 

          Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...