Со корупција и криминал, за која известуваат сите светски медиуми не се оди во ЕУ

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Јован Митревски

Со корупција и криминал, за која известуваат сите светски медиуми не се оди во ЕУ. Со нефункционални институции, кои не можат да спроведат и едно обично прскање против комарци сме заглавени длабоко  во  минатиот век.

Република Македонија не може да оди напред со СДСМ на власт. Во ЕУ не се оди со нефункционални безбедносни служби, со полиција која и  по година дена неможе да расчисти убиство и да ги казни сторителите.

Земјоделие кое е на колена, здравство на апарати, дезавуирано образование и нефункционална социјална заштита не се одлика на ЕУ.

Распродажбата на државните интереси, промената на името за севкупна употреба, жртвувањето на македонскиот национален идентитет и јазик не се европска вредност, туку одлик на една  капитулантска политика, која и штети и на државата и на граѓаните.

Капитулацијата која ја потпиша Заев нема да се покрие ниту со милион пресови и соопштенија. Капитулантските политики не смеат да продолжат. Заев и СДСМ мора да си заминат.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре