Со договорот со Грција е загрозен институционалниот идентитет кој е столбот на идентитетот на една држава и народ

Одговор на новинарско прашање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Информативната кампања која што ја најавија од владата е насочена кон одобрување на договорот со Грција, ваш коментар?

Мицкоски: Од она што можам да го забележам што се случува деновите но и неделите претходно, кампањата на владата е сериозно забрефтана. Веќе серозно е присутна дали на социјалните мрежи или непосредно преку медиумите, еден податок што загрижува имавме еден фијаско настан кој што го организираше владата, а кој што требаше да значи ден каде граѓаните на Република Македонија ќе ја слават добиената условена покана за прием во НАТО алијансата. Мислам дека владата нема капацитет да се справи со еден ваков предизвик на кој што се намерачила да се справува, така да мислам дека многу бргу јавноста во Македонија ќе биде сведок на уште едно големо фијаско, кое што најверојатно ќе изобилува со големи криминали, полу вистини и недоречени работи. Гледаме дека владата целокупната своја кампања ја темели на тоа дека го зачувала т.н. идентитет. Еве  едно прашање до владата и до сите оние кои стојат зад таа теза дека е зачуван идентитетот, како е зачуван идентитетот кога институционалниот идентитет е изгубен? Многу пати во минатото претседателот на владата г-дин. Зоран Заев кажал па порекол, да се потсетиме на една таква негова изјава во која што велеше „дека таблата на зградата во која што јас сум претседател на владата пишува, Влада на Република Македонија и така ќе остане“, за неколку недели го порекне тоа што го кажал и ја кажа новата содржина на таа табла. Доколку сево ова би успеало Влада на Северна Република Македонија. Доколку вие го изгубите институционалниот идентитет кој што претставува „трејд марк“ на вашиот национален идентитет, каков идентитет вие сте зачувале. Не станува збор само за институционалниот, не станува збор само за емоционалниот идентитет, туку станува збор за погрешна логистика и погрешна стратегија во целокупниот процес на водење преговори.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...