Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некој проект, треба да си даде оставка веднаш

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко.

Денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци.

Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем.

Шилегов ги остави граѓаните на милост и немилост на комарците кои можат да се пренесуваат најразлични болести кои се присутни и во Европа и регионот, од типот на Зика, Нилска треска, маларија, лајшманија.

Само во државите на ЕУ оваа година се пријавени 51 случај на заболени од Западно Нилска треска, додека во Србија се пријавени дури 70 случаи.

Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните.

Животот и здравјето се загрозени. Амбулантите секојдневно се полни со граѓаните кои се жалат на разни инфекции, алергии и убоди кои се резултат на наездата на комарци и неспособноста на Шилегов да се справи со нив.

Наместо граѓаните да бидат приоритет и да се решеше овој проблем уште пред неколку месеци, Шилегов ги остави комарците да умираат од старост. Најтрагикомично во целата ситуација е што градските служби се обидоа да ги изманипулираат граѓаните дека вршат прскање против комарци со старо видео прикачено на интернет.

Кога веќе граѓаните не можат да се спасат од комарците, нека се спасат од Петре Шилегов. Шилегов нека ги спаси скопјани што побрзо и нека си даде оставка, бидејќи градоначалник на Скопје не е место кое може да се раководи со неспособност, незнаење, неработење и незаинтересираност.

          Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...