Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на прес-конференциите на Миле Бошњаковски и Фросина Ременски

Зоран Заев нема легитимитет да го  менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија.

Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа НЕ.

1 милион и 200 илјади граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев  и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека договорот од Преспа за промена на името е правно – политички мртов.

Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните.

Зоран Заев треба да се откаже од капитулантскиот договор за промена на името.

Општествено – политичкиот хаос кој го создаде Зоран Заев мора да заврши. Политичарите од транзицијата кои ја узурпираат власта во Република Македонија мора да си заминат. Република Македонија мора да тргне напред.

 

  Со почит,   
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...