СДСМ со укинувањето на т.н. „банкарска тајна“ на најгруб можен начин ја загрозува приватноста и слободата на граѓаните

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со укинувањето на т.н. „банкарска тајна“  и увид во секоја сметка врши контрола врз животот на граѓаните на Република Македонија.

СДСМ со увидот на банкарската сметка на граѓаните и пристапот до неговите сметки и паричник ја нарушува приватноста на секој граѓанин на оваа држава.

Со овој потег криминалниот картел на власт имаат пристап до важни информации на граѓаните и истите кога и да посака може да ги злоупотреби и да ги користи за политички малверзации и рекет.

Увидот во банкарските сметки и личните податоци на граѓаните во никој случај не значи сигурност и заштита, напротив тоа значи дека граѓаните стануваат мета на закани и уцени од криминалните структури на власта кои ќе имаат пристап до овие информации.

Покрај тоа, ваквиот потег на СДСМ ќе ја зголеми сивата економија затоа што граѓаните се принудени да бараат свои методи како да си ги зачуваат приватноста и податоците. Тоа ќе значи и поголем одлив на пари наместо прилив во државата.

СДСМ на  најгруб можен начин ја загрозува приватноста и слободата на граѓаните на Република Македонија.

Наместо власт која ќе ги контролира и уценува  граѓаните заслужуваат власт која ќе им гарантира заштита на приватноста на личниот и семејниот живот.  Затоа време е СДСМ да си замине.  Граѓаните и Република Македонија заслужуваат  подобро. Македонија ќе победи.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...