СДСМ ја укинува т.н „банкарска тајна” која е основен принцип на приватност на секој еден граѓанин

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ со најновиот закон за УЈП удира приватноста на граѓаните.

СДСМ ќе може да има увид во секоја банкарска сметка на секој еден граѓанин. СДСМ ја укинува т.н „банкарската тајна” која е основен принцип на приватност на секој еден граѓанин.

Секогаш кога и да посака СДСМ или било кој од СДСМ ќе можат да му влезат на секој еден жител од Република Македонија во неговата домашна приватност, во неговите сметки и во неговиот паричник.

 

Дали со удирањето по приватноста се сака да се добијат информации кои што подоцна ќе се искористат за политички малверзации и рекет врз одредени луѓе и фирми?

Сите овие податоци кои до сега беа „банкарска тајна” ќе може да ги гледа било кој и да стигнат до било кого. Со ова укинување на приватноста на сметките на граѓаните, тие стануваат потенцијална мета на разни уцени, закани и останати криминогени дејанија на одредени структури, кои после овој закон многу лесно ќе може да стигнат до податоците за тоа кое семејство колку пари има и поседува.

Зад таканаречената транспарентност, граѓаните стануваат предмет на контрола од страна на СДСМ.

Член 25 Устав на Република Македонија вели: „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.“ Со овој закон на СДСМ им се укинува приватноста на граѓаните во делот на банкарските и личните сметки и до нив ќе може да дојде буквално било кој.

Дополнително, со ова СДСМ и Министерството за финансии ќе ги принудат граѓаните на свој начин да си ја зачуваат приватноста на своите сметки и ќе стимулираат даночна евазија.

Со овој закон ќе се стимулира сивата економија како во деведесеттите години и од држава на даночни обврзници ќе станеме држава во која во која царува сивата економија благодарение на СДСМ.

Со овој закон наместо зголемување на приливот на пари во Република Македонија, ќе има одлив на парите.

За крај, дали СДСМ со овој закон сака да ги стави под контрола граѓаните на Република Македонија на најперфиден начин така што ќе имаат увид во сечија сметка?

Почитувани,

Ова е начинот на кој што СДСМ ја практикува слободата и приватноста. Сега граѓаните имаат можност да видат што значи РЕЖИМ.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, а приватноста и понатака ќе биде нивно основно загарантирано право.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...