СДСМ ја претвори државата во пример за корупција во светски рамки

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Вашингтон пост, СиеНБиСи, Нешенал пост, Мајами Хералд и  голем број на други реномирани медиуми пишуваат за корупцијата и криминалот во кои тоне Република Македонија, поради криминогеноста на македонската власта. „Европскиот чувар од корупција ја нарекува Македонија ‘Разочарувачка’ “, гласат насловите на веста која што се пренесе денеска во светот.

СДСМ ја претвори државата во пример за корупција  во светски рамки. СДСМ ја понижи државата. Светските медиуми наместо да пишуваат за Република Македонија во позитивно светло, благодарение на СДСМ  не претставуваат како мека на криминалот и корупцијата.  СДСМ секојдневно го руши угледот на Република Македонија во светот. Сите светски медиуми пренесуваат за нивото на корупција и криминалот во Македонија, а нотирани во извештајот на ГРЕКО.

Со СДСМ државата не оди напред, туку наназад. И тоа не е изненадување. За првпат во историјата на демократскиот свет, политичар кој што е аудио и видео документиран како бара мито од 200.000 евра  е ослободен од обвинение.

 

Зоран Заев кој најавуваше кривична пријава за Бујар Османи, потоа го постави за вицепремиер, а заедно наводно ја подготвуваа државата за борба против корупцијата и европски стандарди! И на тој тим недостасуваше другиот вицепремиер инвентивен бизнисмен кој ги финансира компаниите со државни пари.

Почитувани,

Никаде  во светот преку фондот за иновации парите наместо во иновации не завршуваат во фирми на функционери на власта, за финансирање на реинкарнација и на печатници. И никаде во светот министрите кои местат тендери не се прогласуваат за незаменливи. Е тоа е вистината која Зоран Заев сака да ја „продаде“ како борба против корупцијата, под плаштот на распродажбата на националните и државни интереси!

Почитувани,

Корупцијата и  криминалот се вистинскиот проблем на Република Македонија и вистинската препрека за нејзината европска иднина која што не може да се покријат ниту капитулантските договори на Заев. Непотизмот, доделувањето на државни тендери на  фирми на функционери од власта, користењето на Буџетот како средство за полнење на џебовите на врхушката на власта преку најразлични фондови не ја носат државата кон ЕУ и НАТО, туку назад во мрачното транзициско минато.

Криминалот и корупцијата не смеат да бидат сликата за Република Македонија во светот.

Државата мора да се врати на вистинскиот пат, со СДСМ тоа не е возможно.

За доброто на државата и граѓаните, оваа власт мора да си замине.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...