СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија ја третираат како лична сопственост

 Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија ја третираат како лична сопственост.

Владата на Заев залудно се обидува да ги манипулира граѓаните со цел да го продаде името и да ја избрише историјата, традицијата и културата.

Во ЕУ и НАТО не се оди со крадење.

На оваа влада главна задача е делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, а хедонизмот цвета.

Република Македонија не оди напред со капитулација, и со откажување од се што е македонско. Со откажување од минатото, државата нема иднина.

Зоран Заев и СДСМ не се лицето на Европа во Македонија, ниту ги преставуваат европските вредности.

Република Македонија ќе се врати на својот евроатлански пат, без капитулација која ја нуди Заев.

Македонија ќе победи! Македонија ќе влезе во ЕУ, кога картелот ќе излезе од власта!

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...