СДСМ и картелот на власт собираат се што можат

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ и картелот на власт собираат се што можат. Не дозволуваат евро да прелета покрај нив, а да не го стават во сопствениот џеб. Не дозволуваат тендер да заврши во фирма која што не е во нивна сопственост или не им е донатор на политичката партија СДСМ.

Сотреа се!

Ова го нема ниту во Африка!

Непријатно е веќе да се гледа како Кочо вицепремиерот креира политики во кои државни претпријатија ќе му префрлаат пари на Анѓушев бизнисменот.

Залудно Зоран Заев продава името. Залудно Заев потпишува капитулантски договори и прифаќа комисии за менување на историјата.

Во Европа со арамилак и корупција не се влегува!

 

Почитувани,

Медиумите повторно обелоденија уште еден скандалозен тендер на фирмата „Брако“, вреден скоро 40.000 евра за набавка на заштитна мрежа на одрони покрај патот добиен од Агенцијата за патишта на Република Македонија.

Замислете, малку беа тендерите во ЕЛЕМ за струја, законите за литиумски батерии како што му одговараат, грантовите за неговите фирми од Фондот за иновации и сега му дојде до тендер вреден близу 40.000 евра. Како да нема друга фирма што изработува мрежа освен неговата на Кочо Анѓушев.

Очигледно Анѓушев нема намера да престане со тендерите и земање пари на граѓаните, па макар тоа биле и 40.000 евра, а човекот тежи 25 милиони евра богатсво.

Да го поставиш на јавна функција Кочо Анѓушев каде што има допир со народни пари е исто како да го поставиш волкот да ги чува јагнињата.

Она што ги интересира граѓаните е дали и во овој случај на тендерска постапка има скриен судир на интереси?

Дали Кочо Анѓушев кога стапуваше на функцијата знаеше дека треба да заборави на тендерите и дека неговата работа мора да биде во интерест на граѓаните, а не во интерест на неговите фирми?

Дали Кочо Анѓушев извршил било какво влијание за да го добие и овој тендер?

Дали фирмата на Кочо Анѓушев имала предност при тендерската постапка?

Господине Анѓушев, бидејќи наназад година дена не прекина да работиш спротивно етичките принципи и антикорупциските правила, најмалку што можеш е да ги спасиш граѓаните уште веднаш, така што ќе си дадеш оставка од позицијата вицепремиер уште веднаш.

Што порано си дадеш оставка, толку подобро за граѓаните. Во спротивно ќе треба да поставиме еден бројчаник пред твојата канцеларија во Владата и еден на твојата компанија „Брако” кој ќе мери колку државни тендери си добил додека си на функција. Сигурен сум дека тоа ќе биде со многу нули и тоа во евра.

Институциите мора да покажат храброст, да се спротивстават на притисоците на СДСМ, да го поништат овој тендер и да не чекаат дали Анѓушев ќе даде налог „Брако“ да се повлече од истиот.

Кога ќе се врати правната држава, кога нема да може СДСМ да има влијание во судството, за сите овие случки ќе се отвори постапка да се провери колку недоследности има и најважно, ќе се одговара за сето ова.

Сега е јасно дека може да се чувствувате моќни бидејќи Зоран Заев наместо да Ве разреши застана во ваша одбрана. Тешко беше да се очекува осуда од човек кој бара „едно евро за Вицето”, ги ангажира камионите на сопствениот брат во РЕК, доделува концесии за марихуана на својот брат или му дава дозволи за градење.

На крајот, правдата ќе стигне, а Македонија и граѓаните ќе победат!

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...