СДСМ е партија што го измисли криминалот и корупцијата во Македонија и нема никакво право ниту кредибилитет да зборува за корупција

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е партија што го измисли криминалот и корупцијата во Македонија и нема никакво право ниту кредибилитет да зборува за корупција.

Наместо СДСМ да се става во заштита на криминалот на Шеќеринска, Шапуриќ и Царовска треба да побара одговор и одговорност од нив за незаконското и нетранспарентното делење на народни пари на министри во владата на СДСМ.

СДСМ не знае и не умее да работи. Единствено што СДСМ го знае за корупцијата е како да измислува нови методи за лично богатење на партиските функционери.

СДСМ е соочена со корупциски скандали и афери за злоупотреба на власта и делење на буџетски пари, тендери и грантови.

СДСМ и Шекеринска направи пустош во АРМ. Откако СДСМ и Шеќеринска го презеде министерството за одбрана, армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали.

Граѓаните беа сведоци на низа скандали. Скандалозната набавка на мазут од страна на министерството за одбрана  од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут.  Од министерството не дадоа одговори  како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот.

Касарните среде зима останаа без греење, па војниците мораше да смрзнуваат во најладните денови, а голем дел војници кои патуваат не можеа да стигнат до работните места бидејќи министерството не потпиша договор за превоз на војниците.

Јавноста исто така беше сведок на скандалозното поставување на Горан Василевски за прв човек на военото разузнавање кој што истиот претходно бил одбиван за безбедносен сертификат и паѓал на безбедносните проверки, за што се водела и постапка пред Управен суд.

Негрижата и запоставеноста на АРМ заради неспособноста  на СДСМ доведе до тоа голем број на професионални војници да ја напуштаат армијата во потрага во подобар живот.

Додека Зоран Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, фирмите блиски до криминалниот картел на власт добиваат милиони евра на нивните сметки. За само нешто повеќе од година дена донатор фирмата Делук Ауто од Куманово има добиено тендери во висина од над 1.5 милиони евра за набавка на возила.

СДСМ мора да научи дека во Европската Унија и НАТО не се оди со скандали, корупција, криминал, користење на државни ресурси за приватни потреби, патување со државни службени џипови и хелихоптери, туку со работа и реформи.

Македонија вака не може да продолжи. Македонија вака не оди никаде, а најмалку напред. Македонија со оваа власт не се движи кон ЕУ и НАТО.

СДСМ ја носи државата во пропаст, хаос  и безредие и ова мора веднаш да престане.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...