СДСМ брани случај каде ќерката дава тендер на таткото а заработката е огромна и се мери во милиони

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ брани криминал.

СДСМ брани случај каде ќерката дава тендер на таткото а заработката е огромна и се мери во милиони.

Кланот се прави недоветен за очигледниот судир на интереси, крвно сродство од прв ред. Тој единствено ќе биде надминат со оневозможување јавната набавка од институцијата каде директорува ќерката да ја добие фирмата на нејзиниот татко!

СДСМ свесно го запоставува фактот дека директорката- ќерка ја составува нарачката на сите препарати и опрема што треба да се набават за Клиниката. Вака излегува дека тоа што го нуди семејната компанија на таткото, ќерката го купува.  Таа може, со оглед на крвното сродство од прв ред, да нарача каква опрема ќе даде понудувачот, во случајот таткото.

Целата ситуација е кристално јасна, се работи за судир на интереси во кои се остварува материјална добивка од страна на семејната компанија на директорката на ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје. Се остварува материјална добивка од државни пари, во постапка на нерамноправни услови на понудување, нерамноправни услови во кои се доведени другите учесници во тендерската постапка. Станува збор за дело склучено во инкриминирани околности, со оневозможување на конкуренција, основна законитост на пазарно стопанство. Тука станува збор за стекнување на имотна корист под привилегирани услови. Поради тоа што овој договор е склучен со прекршување на правните норми не би требало да произведува регуларни правни последици, и истиот треба да се поништи.

 

  Со почит, 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...