Република Македонија со Зоран Заев на власт е претворена во приватна сопственост на картелот на власт

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Република Македонија со Зоран Заев на  власт е претворена во приватна сопственост на картелот на власт. Државата е ставена во функција на функционерите на власта и нивните фирми, кои од Буџетот ги исцицуваат парите на граѓаните.

Државата не може да тргне ниту милиметар кон ЕУ и НАТО, се додека Република Македонија е  најспомнувана држава во светот по криминал и корупција. Нема еден светски медиум кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ  се на власт.

Зоран Заев ја уназадува државата во секој поглед. Договорот со Грција со кој толку многу се фали е најголемиот капитулантски чин во историјата на државата. Ниту еден обид нема да ја промени реалноста дека  договорот е штетен за Република Македонија и нејзините граѓани.

Заев прифати промена на името за севкупна употреба, промена на јазикот, идентитетот, кодовите и уште голем број други отстапки, кои се на директна  штета на Република Македонија.

Заев создава  држава базирана на поделби и на криминал. Криминалот царува на секаде, од улиците до државната управа и самата влада. Криминалот е првото име на оваа влада.

Република Македонија може да тргне напред, само кога криминалот ќе биде победен. СДСМ нема капацитет да ја води државата  и мора да си замине, во интерес на државата и граѓаните.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...