Рамковниот договор донесе мир, но денес повторно државата доживува порази

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Најпрвин да ја поздравам македонската јавност, денеска е годишнина од потпишување на Рамковниот договор и еве слушнавме дека станува збор за полнолетство ако не се лажам. Инаку 2001 година резултираше со еден конфликт во кој што беа изгубени човечки животи,трагични моменти и  за семејствата, но и за сите граѓани во Република Македонија, голем број на раселени лица, голем број немили настани се случуваа и сето тоа резултираше со потпишување на овој договор.

Овој договор имаше една цел, а тоа беше нели  постигнување траен мир кој што се случи тогаш и понатаму се случија сите оние реформи во општеството во Република Македонија, кои што следуваа како резултат на Рамковниот договор кој што беше  потпишан тогаш.

 

Она што денеска се случува секако треба да биде и да влечеме поука од минатото, да влечеме поука дека не секогаш проблемите и различните толкувања се решаваат со вооружени конфликти за да потоа мора да седнеме на маса и да потпишуваме договори, туку секогаш треба разумот, трпението и толеранцијата да преовлада и истите тие нормално да донесат бенефит и додадена вредност за сите граѓани во Република Македонија.

Денеска на граѓаните на Република Македонија им е неопходна реформа во економијата, реформа во образованието секој денеска сака да има поквалитетно, реформирано покомпетативно образование кое што ќе биде  слично на она што го добиваат нивните колеги во високо развиените земји без разлика дали станува збор за основно средно или високо образование. Ни недостасуваат реформи во здравството , секој денеска сака да ужива реформиран напреден здравствен систем кој што ќе нуди услуги со кој што пациентите ќе бидат задоволни а не да гледаме хедонизми и наместени тендери коишто се даваат на роднини, тендери коишто се даваат по пријателски линии.

Секако денеска не ни се потребни криминални  иновации каде што  владата на своите министри, владата на членовите од семејствата на министрите, кумашини и роднини доделува финансиски средства  под изговор дека се неопходни за некои нови технологии и за некакви иновации. Но, сето тоа гледаме се сведува на еден вид криминални иновации.

Така да, сето она што денеска и  се случува на Македонија и сето она што  денеска нормално се случува со владеењето на владата на СДСМ можеме да кажеме дека претставува еден пораз на Република Македонија повторно, и навистина можам да кажам од ова дистанца сето она коешто СДСМ ветуваше дека ќе го исполни останува едно празно слово на хартии и неисполнето ветување.

Апелирам до сите политичари во Република Македонија сложно да ја сфатат професијата политичар како волонтерска позиција, затоа што навистина неопходни се сериозни реформи пред се во самиот механизам на политичарите во Република Македонија, а не нивна главна цел да бидат хедонизмот, криминалиите и богатењето.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...