Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност, договорот од Преспа е капитулaција од невидени размери

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Павле Богоевски.

СДСМ тоне во своите лаги и се обидува заедно во бездната да ги повлече и граѓаните на Република Македонија. Тоа што Заев со договорот од Преспа му го нуди на македонскиот народ е капитулaција од невидени размери. Без свое минато и историја македонскиот народ нема ниту иднина, а токму на ова Димитров се согласи кога го стави својот потпис во Преспа.

Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност. Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите Нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде заменето со граѓани на Република Северна Македонија. Се менуваат и меѓународните кодови и кратенки. Оние останати државни симболи за кои тој говори дека ќе останат непроменети се оние кои СДСМ во минатото веќе ги промени.

И додека устите им се полни со ЕУ и НАТО и европските вредности, во реалност прават се спротивно на вредностите за кои наводно се залагаат. Користење на службено возило за патување на годишен одмор не преставува европска вредност. Шетање по кафеани на високи претставници на министерството за одбрана со армиски хеликоптери не е одлика на земја кандидат за членка на НАТО. Општиот грабеж кој СДСМ го спроведува повеќе наликува на слика од Дивиот Запад него ли на Западот кон кој сите граѓани на Република Македонија се стремат. Свитканата кичма на Заев нема да компензира за неговата клептоманија. Ова што СДСМ и го прави на Македонија не води никаде, а најмалку кон Европа.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...