Обидот на Анѓушев да ја покрие неспособноста на владата со растот на индустриското производство во ТИРЗ е уште една манипулација на СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Кочо Анѓушев

Признанието на вицепремиерот Кочо Анѓушев дека капиталните инвестиции се незначително реализирани не е доволно. За катастрофалната реализација од 16.65% мора да има и одговорност. Оправдувањата дека проектите наводно не чинеле се банални и смешни бидејќи владата на СДСМ ја има власта повеќе од една година и имаше доволно време да ги ревидира, доколку навистина била потребна корекција.

Не може никако да се оправда тоа што неспособната власт со мал прст не мрдна и го проектираше најголемиот, расипнички Буџет во историјата, од кого ги реализираат само ставките кои се однесуваат за нивно луксузирање, а не за капиталните инвестиции кои значат добробит за државата.

Растот на индустриското производство е уште еден доказ за добрите економски политики на ВМРО ДПМНЕ и ефектите од креирањето бизнис клима во која што странските инвеститори би биле мотивирани да работат во ТИРЗ.

Обидот на Кочо Анѓушев да ја покрие неспособноста на владата со растот на индустриското производство во ТИРЗ е уште една манипулација на СДСМ.

Факт е дека никој не живее подобро откако Зоран Заев дојде на власт, освен членовите, семејствата и пријателите на криминалниот картел за кои што дојде животот. Додека граѓаните мака мачат да состават крај со крај, криминалниот картел си подели 10,5 милиони евра за наводни иновации, си купи луксузни лимузини од 2 милиони евра, се обиде да украде 35 милиони евра од здравството и си додели милионски тендери на фирми донатори на партијата, а сето тоа на грб на народот.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...