Не е до времето зошто има комарци, ниту пак до размножувањето на кучињата скитници, туку до неспособноста на Шилегов

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Скопје стана град каде главна тема се комарците, а главен проблем кучињата скитници.

Не е ниту до времето зошто има комарци, ниту пак до размножувањето на кучињата скитници. До неспособноста на Шилегов е, и до неговата неработа.

10 месеци Шилегов, 10 месеци неработа, неодговорност и неспособност. За 10 месеци со Шилегов на чело Скопје стана град преплавен со кучиња скитници, за кои градот не презема ништо во насока на нивно третирање и стационирање.

Сведоци сме на глутници кучиња кои секојдневно се движат низ сите места во градот, кои нетретирани се опасност за граѓаните.

Неспособноста на Шилегов резултира со десетици граѓани кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото, раскинати мускули и тетиви, а неретко и со скршеници. Граѓаните после нападот се исплашени и трауматизирани, ситуации кои оставаат трага во нивниот понатамошен контакт со кучиња.

Дополнително нетретираните кучиња често можат да бидат преносител на зараза, која потешко се лекуваат и може да има посериозни последици по здравјето на граѓаните.

Градските власти имаат обврска да ги третираат и стационираат кучињата скитници. Шилегов во изминативе 10 месеци откако е градоначалник, иако вети не презема ништо во оваа насока. Проектите кои беа отпочнати од претходната влада се запрени, а Вардариште е празно.

Шилегов има обврска кон граѓаните, што побрзо да го реши проблемот со кучињата скитници, додека тие не станат проблем за скопјани и нивното нормално живеење.

Доколку Шилегов не знае како ВМРО-ДПМНЕ е тука да му помогне, чесно е да се признае незнаењето, сепак во интерес на граѓаните се работи. Да не дозволиме поради нечие незнаење да страдаат над половина милион жители на Градот Скопје.

Шилегов, реши го проблемот со кучињата скитници, ние ќе ти помогнеме, ако не знаеш како, дури ако сакаш презентирај го како нов проект,  иако е тоа обврска на градот, но само заврши ја работата која станува се поголем проблем за скопјани.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...