Министерството за внатрешни работи СДСМ го претвори во институција за потсмев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изјавата на Сергеј Попов

Министерството за внатрешни работи СДСМ го претвори во институција за потсмев. Институција која наместо да ги штити граѓаните, се претвори во туристичка агенција, која после турите за Грција сега организира тури со службени возила кои патуваат и за Охрид.

По примерот на директорот на БЈБ, Лазо Велковски, јавноста преку медиумите беше информирана за уште еден случај на злоупотреба на службено возило. Станува збор за службеното возило кои Командантот на единицата Алфа, Примислав Димитров кое тој го искористил за лични потреби и со него отпатувал за Охрид.

Ова е уште еден класичен пример за злоупотреба на службената должност, случај за кој мора да има одговорност. Началникот Димитров има ингеренции и овластување за делување само на територијата на СВР Скопје, што значи дека тој го искористил службеното возило за приватно викенд патување во Охрид.

СДСМ продолжува да се однесува како да е опозиција. Наместо штури соопштенија од СДСМ, бараме МВР да го објави патниот налог за патувањето на Командантот на единицата Алфа, Примислав Димитров во Охрид. Доколку не постои патен налог за ваквиот настан мора да се понесе одговорност.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...