Денеска јавноста увиде дека партискиот суд ја дели правдата врз основа на политички нарачки, а не врз основа на докази

Соопштение до јавноста

Јавноста денеска повторно беше сведок како функционира партиски суд, кој ја дели правдата не врз основа на докази туку врз основа на политички нарачки.

Сите сведоци повикани токму од страна на специјалното јавно обвинителство, сведочеа против конструкциите врз кои што беше граден предметот. Ниту има материјална штета, ниту воопшто постои кривично дело. Постои само политичка нарачка за прогон со цел да се заплашат сите кои размислуваат поинаку од актуелната владеачка гарнитура.

Со секој ден е се поочигледно дека власта која брани криминал продолжува со политички прогон, дефокусирање и газење на волјата на граѓаните

Власта силејќи се преку политички монтирани процеси и прогони, ја покажува целата своја немоќ. Народот нема да го заборави криминалот на оваа влада, ниту предавството  на националните и државните интереси.

Сите оние кои сега се чувствуваат моќни само заради тоа што одработуваат нечија политичка агенда треба да знаат дека правдата ќе дојде и ќе има одговорност за секоја незаконска постапка, исто како што ќе има одговорност и од нарачателите на пресудите кои сега уживаат во амнестиите за криминалите и нивната неказнивост.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...