Ова денеска го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид Кирил Пецаков, прашувајќи зошто власти наместо општество за сите – ги дели граѓаните со специјални пропусници.

-Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор. Која е логиката да плаќаат за картичките по 150 денари? Ова е директен удар врз туризмот.  Има сопственици на имот од овој дел што живеат надвор од Охрид. Како ќе го остварат тие своето право на картички за да можат да влезат во стариот дел на градот?, праша Пецаков.

Вели дека СДСМ еднаш ја призна грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја поремети туристичката сезона и живеењето. Пецаков праша зошто ја повторуваат истата грешка која доведува до финансиска загуба кај народот.

-Свесно ги зголемувате трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на гостите кои го посетуваат Охрид. Го повикуваме градоначалникот Стојаноски секој проект кој како Локална самоуправа сакаат да го спроведат, да се направи сериозна анализа од сите аспекти коишто ќе доведат до издржано решение а не избрзан проект проследен со низа недостатоци како зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот, потенцира Пецаков.