Вељаноски посочи дека точката 12 за Изборниот законик треба под итно да се тргне од дневниот ред и согласно постојниот Изборен законик да се премине на изгласување на Државната изборна комисија кој задолжително треба да биде во согласност и во договор на опозицијата и власта.

– Како мислите да учествува опозицијата и да даде свој придонес во било кои изборни процеси вклучувајќи и референдум доколку на сила го носите овој Изборен законик? Каква порака давате на граѓаните во изборните процеси и референдум да се спроведе согласно волјата на граѓаните кога на сила ги менувате правилата пред изборниот процес?, праша Вељаноски.

Посочи и дека владата од незнаење и зашто и се брзало поставила и сопка на овој предлог бидејќи не побарале изменување на членот каде е одреден рокот од месец дена за избор на ДИК затоа што без тој член изборот на ДИК би се донел со кршење на законот.