Заев и Алаѓозоски мора да понесат одговорност за стотиците илјади евра истрошени на приватна забава

Зоран Заев залудно потроши стотици илјади евра за еднодневна журка за прослава со која што промената на името на Република Македонија требаше да го претстави како успех.

Зоран Заев и Роберт Алаѓозоски мора да понесат одговорност за стотиците илјади евра истрошени на приватна забава со која што капитулантскиот договор со Грција требаше да биде прославен како победа.

Власта наместо расфрлање со парите на граѓаните за скапи журки парите можеше да ги инвестира во нови болници, медицински апарати, школи, студентски домови и други капитални инвестиции.

Заев и Алаѓозоски лажат дека фрлиле само 200 илјади евра низ вода. Сумата е многу повисока.

Една недела и беше потребна на власта за да смисли лага и да го покрие расфрлањето со парите на граѓаните.

Сите обиди за претставување на капитулацијата како победа завршија неславно. Народот ја прочита намерата на власта и го сврте грбот.

Народот излезе во масовна поддршка на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, во бројка многу поголема од бројката на посетеност на сите прослави за името во сите 15 града низ државата што ги организираше СДСМ.

Зоран  Заев наместо да ја витка кичмата и да  ја понижува  државата каде и кога ќе стигне треба да покаже барем малку достоинство. Зоран Заев треба да знае дека не се бакнува пенкало, туку името на сопствената држава, која го одраснала, школувала и на која е премиер.

Зоран Заев и СДСМ ја понижија Република Македонија. Државата е со трајно нарушен углед поради аматеризмот и домат дипломатијата на Заев и Димитров. Оваа ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...