Разрешувањето на Боро Стојчев е димна завеса за вистинсксите криминали и нивните извршители кои се наоѓаат во врвот на власта

Разрешувањето на Боро Стојчев е димна завеса за вистинсксите криминали и нивните извршители кои се наоѓаат во врвот на власта.

СДСМ е партија, водена од Зоран Заев – човек за кој постои снимен видео материјал како бара мито од 200.000 евра, за да заврши работа, која со закон е должен да ја изврши.

СДСМ стана синоним за криминал, злоупотреба на власта и корупција. Врвот на картелот е носител на целиот криминал и коруптивно однесување во државата.

Доколку СДСМ навистина се бори против криминалот, тогаш треба да поведе истраги за криминалните тендери во РЕК Битола каде камиони со трумички таблици кои се поврзуваат со кланот Заеви го врши транспортот, да даде одговор како фирмите на Анѓушев кога истиот е Вицепремиер добија тендер во висина од 2.6 милиони евра од државанат АД ЕЛЕМ, граѓаните очекуваат истраги и за сомнителниот милионски тендер за набавка на 40 возила за потребите на МВР. Ова се вистинските криминали за кои јавноста очекува одговори и истраги. Се друго е замачкување очи.

СДСМ повеќе од година дена покажа дека нема капацитет да се справи со вистинскиот криминал кој се наоѓа во нивните редови. СДСМ ја зароби државата и правосудниот систем. Оваа недоследно применување на законите мора да запре. Одговорност мора да има за сите кои го прекршиле законот.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...