Новата фабрика на американската компанија „Дура аутомотив системс” е уште една потврда за ефективните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста

Отпочнувањето на изградбата на новата фабрика на американската компанија „Дура аутомотив системс” во економската зона „Бунарџик 2“ е само уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат.

Благодарение на создавањето на одличните услови од страна на економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ првичните контакти на економскиот тим со американската компанија се остварени уште пред повеќе од 5 години.

Врз база на претходно извршени анализи побарани се и доставени податоци и поволности до американската компанија за инвестирање во Република Македонија и во континуитет се одржуваше контакти и соработка изминативе години.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа и докажа дека економската политика на странски инвестиции што ја промовираше насекаде во светот се покажа и повеќе од успешна, а резултат на тоа се десетици странски инвестиции и над 170.000 нови работни места во изминативе 12 години.

На американската компанија „Дура аутомотив системс” им посакуваме успешна работа и поголеми инвестиции во иднина.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...