Една недела молк од Владата на СДСМ за тоа колку чинеше приватната журка за промена на името што си ја организираше Зоран Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Една недела молк од Владата на СДСМ за тоа колку чинеше приватната журка за промена на името што си ја организираше Зоран Заев.

Откако од Владината ПР служба најавија дека после завршувањето на настанот ќе се објават сите трошоци, помина и недела – ден после дебакл -прославата, еве денес и понеделник, сеуште молк од Владата за сумата колку чинеше прославата која што беше организирана.

Па почитувана Владо, од 150 луѓе во вашата ПР служба колку што Ве има на број, сите 150 вработени по една ставка да сметавте изминативе денови, ќе пресметавте и ќе ги информиравте граѓаните колку чинеше приватната журка која што го организираше Зоран Заев за промена на името. Ама штом молчите, очигледно е дека нешто криете и сакате да ги изманипулирате граѓаните и да се исперете за вашиот неуспех кој што го доживеавте.

Време е да кажете колку чинеше дебакл – прославата и колку пари на граѓаните беа фрлени за да се организира истата?

Кој е организаторот и кои беа фирмите кои што ја работеа целокупната организација на настаните? Дали можеби се фирми со блиски релации до СДСМ и можеби им помагале за организација на нивни партиски настани?

Како што напоменав и вчера, проценките на луѓе од фелата која се занимава со тие работи, е дека целата организација чини околу половина милион евра.

Почитувани,

Колку лекови можеа да се купат со тие пари и колку деца можеа да бидат пратени на лекување со истите?

Дополнително, јавноста ја интересира кој и зошто се јавувал да врши притисок во националниот сервис, во МТВ, да не се врши пренос и да не се емитува преносот од организираната дебакл – прослава на телевизија односно на националниот сервис?

Граѓаните им кажаа НЕ за анти – државните политики на СДСМ и на Владата. Граѓаните како претходно, така и сега им кажаа на СДСМ дека не смеат да ја потценуваат нивната интелигенција и дека не го одобруваат капитулантскиот договор со Грција.

Зоран Заев и организаторите на оваа нивна приватна журка мора да одговараат и морално и кривично. Одговорноста за ова мора некој да ја понесе.

Еден ден, кога судството ќе се ослободи од СДСМ, кога случаите наместо блиски обвинители и судии до СДСМ да ги водат, ќе ги водат чесни и судии и обвинители кои се на страната на правдата, тогаш, верувајте СДСМ и сите кои што пред очи ни го прават овој криминал во нашата држава ќе одговараат според она што го направиле и го заслужиле.

За разлика од дебакл – прославата на СДСМ, неколку илјади Кавадарчани вчера гордо излегоа на протесниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ и им порачаа на Заев, на СДСМ и на целата Влада дека не им е до славење и дека е време да си заминат од власта.

Што побрзо си заминат СДСМ од власта, толку подобро за граѓаните и за Република Македонија.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...