Народот му кажа НЕ на Зоран Заев и неговите антидржавни политики

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Народот му кажа НЕ на Зоран Заев и неговите антидржавни политики. Народот кажа НЕ на капитулацијата на Македонија, НЕ на продажбата на името, идентитетот јазикот и нацијата.

Зоран Заев и СДСМ доживеаја тотално фијаско во нивната прослава на поразот кој го прикажуваат како лажна победа.

Граѓаните не дадоа поддршка за дебакл прославата на СДСМ. Граѓаните  масовно се придружија на протесниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци и се спротивставија на антидржавните и уништувачки политики на Заев и СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија се обединија и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против капитулантскиот договор со Грција со кој Заев ги прифати сите грчки барања на штета на македонските национални и државни интереси.

Граѓаните му порачаа на Заев дека е доста за поразите и понижувањата, доста е уништување на државата на секое можно поле.  Македонија не доби ниту датум за преговори со Европската Унија, ниту безусловна покана за НАТО.

Македонија со СДСМ и Заев постојано уназадува и ниже порази. Економијата тоне, безбедноста на граѓаните е нарушена како никогаш досега, здравството колабира, земјоделието пред пропаст, образованието разрушено, а младите не ја гледаат својата иднина во државата.

На Македонија не и е потребна ваква власт која работи против државата и сопствените граѓани. Македонија нема време за чекање. На земјата и треба економија која ќе оди напред, која ќе создава нови работни места и перспектива за сите граѓани.

На Македонија и треба власт која ќе ги почитува Уставот, законите и вредносните принципи. Затоа СДСМ мора да падне за Македонија да оди напред. Македонија ќе победи.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...