СДСМ организира прослава со која што сака да го одбележи бришењето на името Република Македонија, бришењето на македонската историја, традиција и култура

Почитувани,

СДСМ одби да биде со сопствениот народ и ја бојкотираше прославата на која што се одбележуваше 20 годишнината од независноста на Република Македонија во 2011 година.

Сега СДСМ организира прослава со која што сака да го одбележи бришењето на името Република Македонија, бришењето на македонската историја, традиција и култура која што е света за македонскиот народ.

Почитувани,

Ова е врв на лицемерието на Зоран Заев и на СДСМ. Ова е доказ дека на нив не им е свето ништо македонско.

Лажеа дека ќе работат транспарентно, а сега кријат на кој начин ја финансираат и организираат прославата.

Четири дена имаме тотален молк околу тоа каде и кога е објавен тендерот?

Кој ги договара пејачите и како е направена селекцијата на истите?

Кој ги организира бините и кој го работи озвучувањето и осветлувањето кое што ќе биде поставено низ 15 градови?

Како се одбрани фирмите и колку пари чини сето ова за граѓаните?

Дали е точно дека се криело од уметниците на каква прослава се поканети да настапат?

И најважното, колку вкупно пари чини оваа прослава? Срамно е владата да чека да помине прославата па да фингира со суми на пари, бројки и трошоци.

СДСМ во 2011 по повод прославата за 20 години од независноста на Република Македонија бараше одговорност од тогашните владини функционери, иако беа изнесени сите трошоци за прославата, а сега ги крие и хонорарите и сумите што се исплаќаат. Лицемерно и крајно нетранспарентно од страна на СДСМ.

За ваквиот криминален однос со парите на граѓаните, власта на СДСМ мора да понесе одговорност и да одговара!

Зоран Заев поразот и капитулацијата кои што ги обзнани Ципрас не може да ги претвори во победа. Може да се обиде да фрли уште повеќе пари на граѓаните или да купува нечиј молк, но во историјата тој ќе остане запаметен како првиот политичар кој ги погази македонските црвени линии и се согласи на промена на Уставот, бришење на името Република Македонија и промена на идентитет.

Почитувани,

Ова не е за славење, ова е за жалење.

На секој граѓанин на оваа земја, што си ја сака Македонија и што сака да си го задржи и името и идентитетот и културата и традицијата, воопшто не му е до славење во моментов. До славење му е само на Заев и на криминалниот картел кои се на власт кои ги испорачуваат ветените фактури и кои се богатат на грбот на граѓаните.

Затоа ги повикуваме сите оние кои си ја сакаат татковината, да ни се придружат утре на протестниот марш што го организираме во Кавадарци во 13 часот на собирното место кај кружниот тек „Сашко Гешовски“, од каде потоа колоната ќе продолжи низ улиците на Кавадарци и ќе покажеме дека не ни е до прослави за промена на името и не сакаме да ни го газат достоинството како граѓани на Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев ќе отидат во аналите на срамната историја на Република Македонија и на крајот Република Македонија ќе победи!

Поврзани вести