ЦДУ детално ќе ги следи состојбите во Македонија со политичкиот прогон и слободата на медиумите

Соопштение до јавноста

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев оствари средба во седиштето на ЦДУ со шефот на бирото за надворешни работи на владејачката ЦДУ Бертил Венгер.

На средбата Ѓорчев го информираше Венгер за политичкиот прогон во Македонија, затворените пратеници, најниската стапка на еконмски раст во Европа, нарушената слобода на медиумите и за партизацијата на институциите од страна на СДСМ.

Беше нагласено дека германската ЦДУ во наредниот период внимателно и детално ќе ги следи актуелните состојби во Македонија, особено за спомнатите теми.

Двајцата соговорници изразија обострано задоволство за долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и германската ЦДУ како сестрински партии, кои заеднички членуваат во Европската народна партија (ЕПП).

Ѓорчев и Венгер се согласија дека во наредниот период треба да се интензивира и продлабочи соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ, како дел од одличните односи помеѓу Македонија и Германија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре