Заев ја лаже јавноста – Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го имашe добиено во 2008 година

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев ја лаже јавноста. Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го имашe добиено во 2008 година. Условите за членство во НАТО Република Македонија ги исполни уште во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Заради Заев, сега дополнителниот услов не е решавање на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име, туку откажување од името Република Македонија и бришење ма македонската историја, традиција и култура.

Сега е јасно дека Зоран Заев и неговата влада не покажала никаков успех ниту на тоа едно прашање на кое, наводно, беа концентрирани овие година и половина, запоставувајќи ги реалните проблеми на граѓаните.

Тоа што Зоран Заев треба да го направи без никакво одлагање е да се извини на граѓаните затоа што постојано ги лажеше дека ќе ја внесе Република Македонија во евроатланските структури под привремената референца. Заев велеше дека ќе ги затопли срцата на Грците и дека ќе ја внесе Република Македонија во НАТО со непроменет Устав. Тоа што сега е реалност е дека Заев не само што ги затопли срцата на Грците, туку им ги прифати сите услови, а не успеа ниту да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, ниту пак влез во НАТО. Всушност, резултатот што дојде од НАТО е многу полош од оној пред 10 години.

Заклучокот од 2008 година е дека поканата за Македонија се одложува до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името.

Заклучокот од оваа 2018 година вели: Тогаш кога, како го оценуваат во НАТО, историскиот договор за прашањето за името ќе се финализира и имплементира, НАТО ќе биде во можност да ја покани ПЈРМ да биде 30-та членка на НАТО.

Јавноста е свесна што подразбира овој договор и не се сложува со неговата капитулантска содржина, не се сложува на промена на Уставот, бришење на историските факти, интервенциите во насока на обезличување на државата, обезличување на Македонците, бришење на придавките кои произлегуваат од името Македонија.

Видни членови на оваа власт велеа „Знаеме како“, сведочиме дека ништо не знаат! Македонските интеграции ја доживеаја судбината на македонската економија, на македонското земјоделство, на македонското здравство, на македонското образование, на македонската култура, на македонската безбедност, на македонската борба со корупцијата, на македонската борба за нови инвестиции и за нови работни места.

Македонската држава со оваа власт доживува само порази. Затоа ги повикуваме граѓаните во недела да ни се придружат на протестниот марш во Кавадарци.

Македонија ќе победи!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...