Заев и СДСМ лажно ги поистоветуваат македонските евроатлански интеграции со промената на Уставот и името на Република Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Заев и СДСМ лажно ги поистоветуваат македонските евроатлански интеграции со промената на Уставот и името на Република Македонија. Над 70 проценти од Македонците се за НАТО, но не се и за промена на името и на идентитетот. Поистоветување на овие две работи е груба манипулација со граѓаните и со нивните чувства.

Заев ги понижи граѓаните и трајно ги наруши интересите на Македонија. Тој едно зборува во земјава, а друго во странство. Ги излажа македонските граѓани и целиот процес на преговори до потпишувањето на капитулантскиот договор го водеше тајно без да ги информира ниту претседателот ниту опозицијата.

Затоа е лицемерно што сега Заев говори за било какви идни консултации со граѓаните, кога целиот процес на преговори со Грција, а сега тоа стана услов и за НАТО и ЕУ, ги водеше тајно, без граѓаните, потпиша и се обврза сам, со што ја понижи и македонската држава и македонската нација. Притоа, прво се консултира и ги соопштува своите ставови на Грција, а дури сега се сети за потребата од консултации во Република Македонија.

Заев без никакво одлагање треба да се извини на граѓаните затоа што постојано ги лажеше дека ќе ја внесе Република Македонија во евроатланските структури под референцата, дека ќе ја внесе Македонија во НАТО со непроменет Устав. Напротив Заев сега промената на Уставот ја претвори во услов за членство во НАТО.

Тоа што Заев не може да прифати е дека неговото капитулантско дело, кое сега стои пред интеграциите, е неприфатливо и е цел на огромна критика на јавноста. Заев треба да се соочи со граѓаните и да им се извини затоа што прифатил грчките историчари да ја бришат и ревидираат македонската историја, но им да им објасни колку ќе чини казната ако се употреби придавката македонска, македонско, македонски што претставува идентитетска определба?

Ова мора да запре. ВМРО-ДПМНЕ го повикува секој еден граѓанин кој што не се согласува со овој виртуелен живот организиран од СДСМ, во недела да се приклучи на протесниот марш во Кавадарци. И да се знае Македонија ќе победи.

Поврзани вести

Најгоре