-Но тие граѓани сигурно не гласале за тоа што денес им се случува. Односно, им се случува 0 проценти економија, рече Мицкоски.

Според него, странските инвестиции кои претходно беа договорени си одат, а оние малкуте што останаа, оваа влада ги прикажува како нивни. Вели дека сепак тоа е добра работа, бидејќи тие сепак ќе креираат нови работни места.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема реформи во образованието социјалата и здравството.

Потенцира дека на секој чекор можат да се видат бизнисмените кои „кукаат“ бидејќи на пазарот нема слободен и свеж капитал.

-Гледаме криминал на секој чекор во државата. Главен бизнис во државата стана „купи камион – да вози по руднициве или по државните претпријатија“, или пак, „купи по некој хекрат земја и добиј лиценца за да садиш марихуана“ и тоа најчесто е контролирано од семејството. Така што, луѓето не само што се разочарани, и не само што ние тоа го гледаме во нашите средби, во нашите соочувања со граѓаните или пак на анкетите. Тоа се чувствува, енергијата многу лесно може да се препознае, појаснува Мицкоски.