Штом СДСМ лажат за договарање на артисти за настап, замислете за што се друго лажат и манипулираат

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Владата на СДСМ ја манипулира целата јавност и тоа со парите на граѓаните. Заев има потреба да лаже и поразот да го претстави како успех, а за тоа ги злоупотребува уметниците. Промената на името и бришењето на македонската историја, традиција и култура, Зоран Заев сака да го претстави како најдобро решение.

Бурните реакции во јавноста се само доказ дека граѓаните се чувствуваат навредени. Колатерална штета, замислете, испадна само целата уметничка естрадна фела.

Сведоци сме на изјави на дел од музичарите кои биле договорени да настапат, кои јавно кажуваат дека биле изманипулирани и излажани и воопшто не им било кажано дека настапуваат на прослава за промена на името, НАТО и ЕУ.

Дополнително, само СДСМ може да организира прослава за промена на името и да им продава ПР на граѓаните дека влегуваме во ЕУ и НАТО и затоа се слави. А, сите за жал видовме дека добивме датум за датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО, ако и само ако доколку го смениме уставното име на Република Македонија.

Почитувани граѓани,

Ако СДСМ се подготвени да лажат за договарање на артисти за настап, замислете за што се се подготвени да лажат и манипулираат за многу поголеми работи кои што ни претстојат во наредниот период и иднина.

Излажаа за прославава, излажаа за 500 евра плата, излажаа за влез во ЕУ и НАТО, излажаа дека нема да се менува Уставот. Сушат лажат за се и сешто.

Ако артистите и прославата биле договорени пред месец дена? Владата веднаш да одговори кога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на истата прослава?

Која е фирмата која ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлувањето и колку пари чини истото, бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните?

Колку чини ангажманот на артистите кои што беа изманипулирани од страна на владата?

Бидејќи сумата очигледно е огромна штом се крие од страна на владата, дали е влезена во Буџетот планиран за 2018, а ако не е од што ќе се пренаменат средства за да се плати и финансира оваа прослава?

На граѓаните и на Република Македонија воопшто не им е до славење. Македонија е вратена илјадници чекори назад, не сме ни блиску до влез во ЕУ и НАТО и на крајот сме лидери единствено во криминал, корупција, убиства.

Оваа Влада веќе наликува на циркус. Затоа мора веднаш да падне и да си замине. Доста е од лаги, доста е од враќање илјадници чекори назад.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...