Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Според Мицкоски, не е точно дека е зачуван идентитетот.

-Ние сега имаме и ќе имаме, доколку ова се разбира се операционализира, комплетно преименување на сите институции во Македонија. Ние нема веќе да имаме Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе имаме, не знам, Академија на науките и уметностите на Северна Македонија. Па видете го вие претседателот на таа институција, кога беше овој процес во период на преговарање, јасно и гласно излезе и кажа дека промена на Уставот а со цел промена на уставното име ќе значи директна промена на идентитетот. За да тој човек потоа, поплука по тоа што го кажал и каже дека епа и не било толку страшно. На тој начин, го губат својот интегритет и како луѓе, но и како врвни експерти и претседатели на институции, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.