Мудро треба да се изоди овој пат, оваа битка не е лесна, но ВМРО-ДПМНЕ е на нозе со народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека неговата партија е на нозе и рамо до рамо заедно со народот и цврсто чекори кон својата цел.

Целта на опозицијата, вели Мицкоски, е рушење на оваа ненародна, анационална власт.

-Јасно ја гледам таа крајна цел. Тоа го покажуваат и анкетите. Тоа го покажуваат и средбите со граѓаните на терен, дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на нозе повторно и дека ВМРО-ДПМНЕ граби кон вистинската траекторија и тоа е до конечно рушење на оваа ненародна и анационална власт која што во моментов за жал на Македонија и на граѓаните на Македонија ја води владата. Но, тој пат повторно ќе кажам ниту ќе биде лесен, ниту брз, ниту едноставен, вели Мицкоски.

На прашањето- зошто ВМРО-ДПМНЕ не делува порадикално во овие тешки моменти за државата, лидерот на опозицијата потенцира дека по патот треба да се чекори мудро, анализирајќи го секој чекор.

Според Мицкоски, радикализацијата на опозицијата оди во прилог на сите оние на кои не му мислат добро на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека опозицијата тоа го антиципирала како можен ризик и одлучила тоа да го превенира.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...